Skip to main content

Директорката на Завод за рехабилитација со 15 убоди во телото се бори заживот

Директорката на Заводот за рехабилитација Љ.Г.У. (64) со 15 убоди во телото се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје…

 |  Маја Савиќ  | 
stop policija
стоп полиција
policijaДиректорката на Заводот за рехабилитација Љ.Г.У. (64) со 15 убоди во телото се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, откако утрото околу 10.30 беше нападната со нож од нејзиниот колега, лекарот М.Л.(62).

Во моментот се вршат повеќе операции, а лекарите прават се што можат за да и го спасат животот. Неофицијално, жената се наоѓа во животна опасност. Првичните информации велат дека има 15 убоди околу вратот и градниот кош.

Осомничениот напаѓач е приведен во полиција. Истражните органи го пронашле и ножот со кој е извршен нападот. За сега се уште се непознати причините за нападот.

Инцидентот се случи утрото околу 10 часот и 30 минути била избодена најверојатно со нож од свој колега. Од она што успеавме да дознаеме е дека напаѓачот во Заводот работел како доктор. Веднаш е префрлена во Ургентниот центар.

Полициска екипа на лице место во моментов врши увид и разговара со вработените во Заводот, со цел да се утврдат причините за инцидентот.

{loadposition content9}