Кривична пријава за 42-годишник од Струга, полицијата пронашла хашиш при излез од фабрика за производство на медицински канабис
Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
| инфодеск | Македонија
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш, информираат од СВР Охрид.