Денес во Охрид „Солза и смеа” ќе ја претстават нивната најновата комедија – „Леле што ќе ти направам”
Денес во Охрид „Солза и смеа” ќе ја претстават нивната најновата комедија – „Леле што ќе ти направам”
Денес во големата сала во Центарот за култура Григор Прличев „Солза и смеа” премиерно пред Охриѓани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Леле што ќе ти напрам“.

Се очекува салата, како и изминатите години, да биде исполнета до последно место од бројните љубители на нивниот хумор. Овојпат, наместо стендап-шоу, публиката ќе има можност да проследи целосна театарска комедија во која настапуваат четири добро познати ликови од урнебесните „Солза и смеа“.
Билети може да се резервираат на телефонскиот број 077/ 867-169.