Skip to main content

Стружани револтирани поради загадената вода, директорот на ЈП Водовод поднесе морална оставка

Четири денa водата од градскиот водовод во Струга е забранета за користење. Каллива и заматена вода тече од чешмите. Граѓаните се револтирани, а директорот на Јавното претпријатие Водовод си поднесе морална оставка. Полицијта и инспекторите од Агензијата за храна и ветеринарство ги бараат причините за загадувањето.
 |  инфодеск  | 

Четири дена во Струга на сила забрана за користење на водата од водоводната мрежа, откако анализите покажаа  дека  е здравствено небезбедна.

Од Центар за јавно здравје информираа дека водата има 22% заматување и не смее да се користи за пиење, ниту за  подготовка на храна.

Директорот на ЈП Водовод  поднесе морална оставка и побара од надлежните институции да се утврдат причините за загадувањето.

„ Се работи за голема катастрофа, еколошка  катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи,  деца, градинки Ја сум  во фирмата 43 години не се памети вакво заматување на водата. Во истиот момент јас давам оставка” , вели Меџијаит Јусуфоски  директор на ЈП Водовод Струга.

Граѓаните се револтирани, велат дека се принудени да купуваат вода, што претставува дополнителен финансиски товар за домаќинствата.

-Има некаква загаденост  на водата. Не е за пиење, многу е валкана.

Купечка вода користиме и вода од изворите од Дрслајца

Не е добро да нема вода треба да има чиста вода во Струга.

Ние полниме изворска од извори под Мороишта и Дрслајца

На терен кај  ШУМ, главниот извор за водоснабдување на градот, излегоа екипи на полицијата,  и инспекциските служби од Агенција за храна и ветеринарство со цел да се утврдат точните причини за загадувањето.

Новинар Соња Рилковска