Бесплатни часови по англиски јазик за возрасни во Охрид
НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица кои веќе имаат основно познавање (ниво А1 и погоре) и сакаат да ја подобрат комуникацијата на англиски јазик.
Часовите ќе се одржуваат секој четврток од 17:30 до 18:30 часот во просториите на библиотеката, а ќе ги води Дани Хамилтон, американска волонтерка во Мировен корпус на САД, носител на Кембриџ CELTA сертификат и со искуство во настава по англиски јазик за различни возрасни групи.
Наставата ќе биде интерактивна и практична, без тестови и без притисок, со фокус на разговор, секојдневни ситуации и развивање на комуникациски вештини.
За учество потребно е кандидатите да бидат зачленети во библиотеката. Годишната членарина изнесува 300 денари и овозможува користење на библиотечниот фонд во текот на целата година.
Пријавувањето се врши на електронската адреса biblioteka_ohrid@yahoo.com, најдоцна до 28 февруари.