Skip to main content

Во декември 2025 во Охрид издадени 8 одобренија за градба

Според издадените одобренија во декември, во Охрид предвидена е градба на 17 станови, со вкупна корисна површина од 1.511 м², објави Државниот завод за статистика.
 |  инфодеск  | 
одобренија за градба

Во декември 2025 година во Охрид се издадени 8 одобренија за градење, по 4 на физичко и и на правно лице како инвеститор. Според издадените одобренија предвидена е градба на 17 станови, со корисна површина од 1511 м2.

Во Вевчани издадено е едно одобрение на физичко лице, а во Струга и Дебрца не е издадено ниту едно одбрение за градба.

На ниво на државата во декември лани биле издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.