Skip to main content

Приказната „Биби и Боби во светот на бајките” утре за најмладите во Центарот за култура „Григор Прличев“

Почетокот е во 12:00 часот, а цената на влезниот билет е 100 денари.
 |  инфодеск  | 

Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” .

„Биби и Боби во светот на бајките”е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)”, која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.

Почетокот е во 12:00 часот, а цената на влезниот билет е 100 денари.