Skip to main content

УХМР

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта врнежливо

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.

И утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Стабилизирање на времето се очекува од средината на следната седмица.