Skip to main content

општина охрид

Објавен Јавен повик за финансирање на проекти од локален интерес (област „Културата расте со децата“ наменета за децата од 3 до 12 години)

Општина Охрид објави Јавен повик за финансирање на проекти од локален интерес (област „Културата расте со децата“ наменета за децата од 3 до 12 години).
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави Јавен повик за финансирање на проекти од локален интерес (област „Културата расте со децата“ наменета за децата од 3 до 12 години).

Целта на овој Јавен повик е да се поттикне и унапреди развојот на културата за деца од 3 до 12 години во Општина Охрид преку поддршка на проекти и активности кои се прилагодени на возраста, развојните потреби и интересите на децата, и кои придонесуваат кон нивниот севкупен личен, културен и социјален развој.

Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамките на Програмата за култура на Општина Охрид – Потпрограма „Културата расте со децата“. Финансирањето се доделува како еднократна финансиска поддршка, врз основа на Решение донесено од градоначалникот на Општина Охрид и договор склучен помеѓу Општина Охрид и добитникот на проектот

Повеќе информации на линкот.