Skip to main content

Девојчињата најпогодени од сајбер насилство – 150 ученички на камп за дигитална заштита

Сајбер-насилството сè почесто ги погодува младите, а девојчињата се меѓу најранливите во дигиталниот простор. Токму затоа 150 ученички од 10 средни училишта учествуваа на камп за сајбер-безбедност, со цел да научат како да се заштитат од онлајн закани и злоупотреби.
 |  инфодеск  | 

Сајбер-насилството зема замав,  најпогодени се девојчињата,  кои секојдневно се изложени на онлајн вознемирување и дигитални закани. Навредите,злоупотребата на фотографии и лични информации оставаат последици кои не се само виртуелни, туку и психолошки.

Токму затоа 150 ученички од 10 средни училишта од целата држава деновиве беа на  камп за сајбер-безбедност, чија цел е едукација за  дигитална заштита.


„Сајбер-насилството е присутно секаде – не само кај девојчињата, не само кај младите, туку и кај повозрасните. Цениме дека на овој начин младите ќе станат свесни и дека тоа знаење ќе се пренесува понатаму. Ова треба да стане составен дел од наставниот процес, затоа што штитејќи се себеси, тие го штитат и општеството.”
, истакна Елена Ивановска државен секретар во министерство за образование.

Развојот на вештачката интелигенција носи нови можности, но и  ризици. Манипулативни содржини, лажни профили и злоупотреба на лични податоци стануваат сè почести.

„Дигитализација си носи негативни работи, односно напади на лични податоци, напади на лицата преку социјалните медиуми, и затоа активно работиме да ги заштитиме граѓаните и нивните податоци, како и фирмите и нивните податоци.“– вели Гордана Клинчарова државен секретар во министерство за дигитална трансформација.

 
„Ефектот од овој камп е неверојатен. Голем број девојки и млади жени се насочуваат кон сајбер-безбедноста, област која традиционално доминираат  мажи. Работат да се заштитат себе си и учат за сабер безбедност.” истакна Даниел Фајлер, Вршител на должност Британска Амбасада.

Кампот, кој се организира со поддршка на Британската амбасада, има за цел  да го зголеми учеството на жените  во областа на сајбер-безбедноста.

Новинар Соња Рилковска