Историски настан за македонската кинологија: „Македонското овчарско куче Караман“ доби привремено меѓународно признавање
Претседателот на Кинолошкиот сојуз на Македонија, Јордан Христовски, објави дека Генералниот комитет на светска федерација на кинолошки сојузи донесе одлука за привремено признавање на „Македонското овчарско куче Караман“, со што оваа раса добива меѓународен статус во рамки на светската федерација на кинолошки сојузи.
Одлуката била усвоена на 11 февруари во Рим, а веста ја објави оценувајќи го денот како „историски за македонската кинологија“.
Според него, привременото признавање претставува кулминација на три децении работа, посветеност и напори за зачувување и ревитализација на оваа автохтона раса. Тој нагласи дека одлуката носи и одговорност за идните генерации, кои треба да го продолжат процесот кон целосно меѓународно признавање.
Инаку, расата за првпат била претставена пред меѓународната кинолошка јавност во 2021 година.
