Skip to main content

Сојуз на синдикатите на Македонија

ССМ денес ја блокира Владата

Синдикатот денес ја блокира Владата со барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за 100 евра. Додека притисокот е насочен кон институциите, работодавачите без јасен став.
 |  инфодеск  | 
vlada na R.Makedonija

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денес во 11 најави масовен протест кој ќе започне со блокада пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака дека работниците повеќе нема да чекаат и дека доколку не се исполнат нивните барања, следен чекор е генерален штрајк.

-Последната од блокадите пред Владата е токму поради тоа што Владата заедно со газдите, не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемувањето на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците на минимална плата да се договараат со газдите за зголемување на минималната плата, а кога синдикатите и работодавачите минатата година се договорија за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, и за такво решение Владата да даде сопствен придонес преку ослободување од плаќањето на придонесите за задолжително социјално осигурување, денеска поради самобендисаноста на поединци во Владата, го чини државниот буџет или државната каса најмалку 10 милиони евра месечно или најмалку 120 милиони евра годишно. Јас мислам, дека тоа треба да ги загрижи сите, а пред се Министерството за финансии, затоа што работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари и побараа одреден временски период да не ги плаќаат придонесите за задолжително социјално осигурување кои беа во висина од 3.000 денари или 50 евра од работник, изјави Трендафилов.

Протестот е планиран да започне пред зградата на ССМ, од каде колоната ќе се упати кон Владата на РСМ. Се очекува на протестот да се приклучат членови од сите гранкови синдикати, вклучително и јавната администрација, здравството и образованието.