Skip to main content

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

Еуростат: Средната возраст во Македонија порасна за речиси пет години – Европа сè постара
 |  инфодеск  | 
three men and laughing two women walking side by side

Податоците на Еуростат за 2025 година покажуваат дека средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години.

Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 година од 2015 година, кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).