Од Скопје со WizzAir ќе се лета и до Алгеро и Палермо
Министерот за транспорт и вице премиер Александар Николоски утрово соопшти уште една убава вест за сите љубители на патувањата, но и за оние што сакаат да ја посетат Македонија – се отвараат две нови авиолинии од Скопскиот аеродром за Италија.
Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија, а од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија.
-Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo, изјави Николоски.
Министерот додаде дека за овие две линии не се предвидени субвенции бидејќи станува збор за сезонски линии, но и дека ова е показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за патувања од Скопскиот аеродром.