Skip to main content

Ладе Крстаноски од Охрид е единствениот маж негувател на стари лица

Во Охрид расте потребата од грижа за стари и изнемоштени лица, додека Центарот за нега при Црвен крст се соочува со недостиг на кадар. Ладе Крстаноски веќе 19 години работи како негувател и денес е единствениот маж во тимот.
 |  инфодеск  | 

19 години Ладе Крстаноски  работи како негувател во Охрид,  и од тогаш до денес  е единствениот маж, што ја извршува оваа хумана професија. Тој  секојдневно влегува во домовите на најранливите. Неговата работа е  грижа за стари лица, им пазари, им готви, им помага во личната хигиена, ги анимира и им асистира во сите активности што не можат сами да ги извршуваат.


„Не е тешко. Се интересирам со нив, анимација, со некој играме карти, на некој му помагаме. Му правиме храна, занимација, да му прочиташ нешто, да му платиш сметки, тоа е работата”, вели Ладе Крстаноски.

82 годишниот Хусеин Фикри веќе  една година чека слободен неговател. Децата им заминале во странство, неговата сопруга е  врзана за кревет, а тој сам не може да се грижи за неа.


„Четири-пет месеци се пријавувам овде за некој да помогне, да има нешто, ама никој не доаѓа. Имаме луѓе, ама немаме. Дај, најди некој, сестра, да дојде да помогне. Ние ќе плаќаме, ама не доаѓа никој”, вели Хусеин Фикри од Охрид.

Недостиг на негователи во Охрид: Сè повеќе стари лица без поддршка

Сè повеќе семејства во Охрид остануваат сами,  кога станува збор за тешко болни и неподвижни лица. Од Центарот за нега при Црвен крст велат  се соочуваат со недостиг на кадар.

„ Потребата од овие луѓе од оваа струка која е многу хумана и се помага на онаа категорија на луге која се повеке се зголемува, кај нас за жал младите се иселуваат а старите остануваат сами потребата е голема”, вели Ранко Раткушиноски од Центарот за нега на стари лица.

Во Охрид нема дом за стари лица, а иселувањето на младите дополнително ја продлабочува кризата –грижата за старите е сериозен општествен проблем.

Новинар Соња Рилковска