Skip to main content

општина струга

Менди Ќура: Ископувањата се главната причина за загадувањето на водата во Шум

Ќура поднесе извештај: Поднесени пријави и стопирани ископувања во Шум
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Менди Ќура на денешната вонредна седница на совет се обрати во врска со состојбата со водата за пиење. Неговото обраќање го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Денеска сум тука за да поднесам извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум и тешката состојба што е создадена, според експертите, како резултат на два главни фактори:

🔸 Факторот природа

🔹 Човечкиот фактор

🔸 Природните фактори, особено земјотресите, можат да предизвикаат проблеми, како што сме имале и претходно и се надеваме дека нема да ги имаме во иднина.

🔹 Додека вториот фактор, човечкиот фактор, според експертите, но и според визуелната опсервација, се покажува како главен причинител.

Деновиве, заедно со поранешниот директор на Водовод и Канализација, веднаш по појавата на проблемот, односно загадувањето на водата, ги презедовме потребните мерки:

✅ Поднесовме пријави до надлежните органи:

– Здравствениот инспекторат,

– Санитарниот инспекторат,

– Инспекторатите на Општина Струга,

– Полицијата и Обвинителството,

– компаниите што вршеа ископувања, на кои им ја запревме активноста,

– ги известивме жителите на Шум и Зaгрaчани,

– медиумите,

– како и ангажиравме приватна компанија со долгогодишно искуство „Geo Ing“.

Исто така, доброволно се пријави и професорот Пеливанов за да ни помогне заедно со колегите од Градежниот факултет.

Јас и професорот, бевме на лице место и заклучивме дека состојбата е катастрофална.

Констатиравме дека ископувањата извршени од две компании, низ годините, се евидентни и многу веројатно се главната причина за настанатата штета. Таму има длабоки ископувања и оштетувања што тешко ќе можат да се санираат.

Досега утврдивме дека штетата е дополнително зголемена, бидејќи не е преземено ништо за заштита на овој природен ресурс.

Поранешните општински органи, градоначалниците и надлежните институции, со своите постапки или непостапување, го оштетиле екосистемот и следствено и водата.

Што е констатирано досега:

– Дозволување на ископувања повеќе од 10 години без критериуми, само за материјална корист.

– Сериозна институционална аномалија, при што една од компаниите добила дозвола за ископувања во оваа чувствителна зона.

– Не е утврдена заштитна зона од 1 км околу изворот, што е задолжително и се дели на три заштитни зони:

A. Зона од 300 метри од изворот, каде што не треба да се дозволи никакво ископување ниту движење во близина.

B. Зона од 600 метри.

C. Зона до 1 километар.

Оваа зона требало да биде оградена и физички заштитена.

Но, за жал, поранешните раководители и одговорните институции не покажале интерес за заштита на овој витален извор, заедно со директорите на јавните претпријатија и надлежните органи.

Сега штетата е направена и итно мора да се преземат мерки за санација на состојбата, без да се занемари кривичната одговорност на виновниците, бидејќи станува збор за витално прашање за здравјето и животот на граѓаните.

Оние што прашуваат кој е виновен, одговорот го имаат самите: тоа се оние што дале дозволи да се оштети овој екосистем.

Барам оштетувачите да сносат кривична одговорност и вакви случаи никогаш повеќе да не се повторат во иднина.

Фактите се таму.

Штетата се предизва со години, а нам ни останува, за жал, да ја санираме оваа состојба.