Skip to main content

Државно музичко училиште Струга

Стружанецот Христо Дејкоски ќе настапува во светскиот младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во САД

Христо Дејкоски од Струга дел од реномираниот младински оркестар при Interlochen Center for the Arts – награден со стипендија по строга светска селекција

Од Државното музичко училиште во Струга информираат дека нивниот ученик Христо Дејкоски ќе настапува како член на еден од најреномираните светски младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во Интерлокен, Мичиген, Соединетите Американски Држави.

По исклучително строгата селекција на светско ниво, Христо е награден и со стипендија како признание за неговиот талент, труд и уметничка зрелост. Ова достигнување е и заслуга на неговиот професор Тони Арслан, чија посветена и професионална работа дава резултати што одекнуваат и на меѓународната сцена. Упатуваме благодарност и до професорката Емилија Маринова за нејзината пијано поддршка во процесот на подготовка и селекција, се вели во соопштението од училиштето.

Од таму додаваат дека со овој потег Христо и професорот Арслан го поставија училиштето на мапата на светските репрезентативни музички образовни центри.