општина вевчани
„Вевчански извори“ повторно осветлени – заврши првата фаза од реконструкцијата
По завршувањето на првата фаза од реконструкцијата на осветлувањето на Вевчанските извори, едно од најубавите природни богатства во нашата земја повторно блеска и во вечерните часови.

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информираше дека завршена е првата фаза од реконструкцијата на осветлувањето на локалитетот „Вевчански извори“. Тој во неговото соопштение додаде дека сите посетители повторно ќе можат да уживаат во убавините на локалитетот и во вечерните часови.







