Skip to main content

Екипата од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ први на Квиз на знаење по мајчин јазик

Во пресрет на 21ви Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Младински Центар Охрид се одржа Квиз на знаење по мајчин јазик.
 |  инфодеск  | 

Во пресрет на 21ви Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Младински Центар Охрид се одржа Квиз на знаење по мајчин јазик, на кој учествуваа вкупно 5 екипи, составени од по 3 ученици.

Свои претставници имаа:

🔹 2 екипи од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

🔹 2 екипи од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

🔹 1 екипа од ОСУ „Св. Климент Охридски“

По четири возбудливи и динамични круга, исполнети со прашања од Македонски јазик, литература, правопис, историја на јазикот и култура, најдобри беа:

🥇 1 место – „МУЦ 1 во состав Кети Јоноска, Андреа Савиќ и Владимир Каланоски од “ ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

🥈 2 место – „Батиња<3“ од ОСУ „Св. Климент Охридски“

🥉 3 место – „Магија“ од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Првите три места добија промотивни награди од Младински Центар Охрид: брендирани ранци, тефтерчиња и шишиња за вода, а на сите учесници им беа доделени симболични пакети и награди од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Голема благодарност до сите ученици и нивните ментори за покажаното знаење, ентузијазам и љубов кон мајчиниот јазик, како и до екипата на Македонска Квиз Асоцијација за одличната реализација на квизот и до НУ Библиотека „Григор Прличев“ за поддршката. Мајчиниот јазик не е само предмет, тој е идентитет, култура и наследство што го негуваме заедно, порачаа од Младински центар Охрид.