Skip to main content

општина охрид

Во петок ќе се одржи 7. седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид ќе одлучува за платите во градинка, јавно-приватно партнерство за фотоволтаици и статусот на јавните претпријатија
 |  инфодеск  | 

Седмата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на 27.2.2026 година (петок) со почеток во 9:00 часот во зградата на Општина Охрид.

За седницата е предложен следниот дневен ред:

Усвојување на Записникот од 5-та седница

и Записникот од 6-та седница

1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2026 година.

2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за 2026 година.

3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за зголемување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите.

4. Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид.

5. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис на средствата и обврските изготвен од Централната пописна комисија со состојба на ден 31.12.2025 година.

6. Предлог-одлука за отпис на побарувања и обврски на Општина Охрид.

7. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства сопственост на Општина Охрид.

8. Предлог-одлука за усвојување на детална Физибилити студијата со финансиска анализа за поставување на фотоволтаични централи во општина Охрид по пат на јавно приватно партнерство.

9. Предлог-одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид.

10. Предлог-одлука за започнување постапка за присоединување на ЈП„Градски пазар“ – Охрид кон ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.

11. Предлог-одлука за започнување постапка за ликвидација на ЈП „Погребни услуги“ – Охрид.

12. Предлог-одлука за усвојување на Елаборат за проценка на штети од голомразица во општина Охрид на ден 6.4.2025 година.

13. Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година.

14. Предлог-развојна Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2026-2028 година-Подпрограма ЈГЦ реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SKADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“.

15. Предлог-програма за измена и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2026-2028.

16. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен – обележја за период од пет години (јануари 2026 – јануари 2031).

17. Предлог-одлука за подигање спомен-обележје – спомен парк, посветен на Шестата македонска бригада и Генералот на НОВ и ПОМ, народен херој Михајло Митев Апостолски.