Skip to main content

општина охрид

Општина Охрид објави конкурс за бесплатни курсеви за работно усовршување

Курсевите се однесуваат на профилите болничари/негувател на стари лица; сметководство – основно ниво (запознавање со сметководството, теорија и пракса); обука за компјутерски програми за канцелариско работење; странски јазици (англиски, германски); заварувачи и фризери.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Врз основа на члем 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 2/20) и член 34 од Статутот на Општина Охрид „Сл. весник на РМ“ бр. 8/7 и бр. 1/8) Градоначалникот на Општина Охрид објави конкурс за бесплатни курсеви за работно усовршување

Инаку, курсевите се за профилите болничари/негувател на стари лица; сметководство – основно ниво (запознавање со сметководството, теорија и пракса); обука за компјутерски програми за канцелариско работење; странски јазици (англиски, германски); заварувачи и фризери.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење“ Кузман Шапкарев” Охрид, ул. Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “Кузман Шапкарев” секој работен ден од 09 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.

Повеќе информации на линкот.