Skip to main content

Денес од печат излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија

Лолеска: Ова не е само обична марка. Ова е гласот на децата со ретки болести кој патува низ целиот свет. Тоа е симбол на нашата борба, на нашата истрајност и доказ дека „Ретко е да си редок“, но кога сме обединети – ниту една борба не е осамена.
 |  инфодеск  | 

Од здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид, информираат дека денес од печат излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија. Оваа марка не е само филателистичко изданиe, туку таа преставува и симбол на храброста, истрајноста и љубовта.

-Ова не е само обична марка. Ова е гласот на децата со ретки болести кој патува низ целиот свет. Тоа е симбол на нашата борба, на нашата истрајност и доказ дека „Ретко е да си редок“, но кога сме обединети – ниту една борба не е осамена. Како вработена во Пошта, среќна сум што овој мој придонес за заедницата со СМА стана светски препознатлив белег на македонската хуманост. Секоја испратена пратка со оваа марка е чекор поблиску до посветла иднина!, вели Гордана Лолеска, претседател на здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид.

Свечената промоција на поштенската марка ќе ја одржи здружението „СТОП СМА Македонија“ во сабота (28 февруари) во EU House (ЕУ Куќа) во Скопје, со почеток во 16:30 часот.