Од ЈП Охридски Комуналец информираат за утрешната акција за одложување стара облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени во задниот двор на Охрид мол, дворот на Гимназијата, Економското училиште и ОЕМУЦ, како и дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ Пештани, и „Ванчо Николески“ Лескоец.
–Запомнете дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн., се додава во соопштението од претпријатието.