Охридските Бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот
Охридските Бреинобреин генијалци уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во светот. На 16от Интернационален oнлајн Бреинобреин-абакус натпревар освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали. Денеска во просториите на Црвен крст Охрид на учениците од Бреинобреин програмата им беа доделени освоените трофеи, медали и сертификати.

–На 24 јануари се одржа шеснаесетиот Интернационален натпревар, но онлајн. Вкупно зедоа учество 23 912 ученици од целиот свет или поточно од 79 земји во светот. Нашиот Бреинобреин Црвен крст центар од Охрид зеде учество со 20 ученици и освоивме три трофеи, девет златни медали и осум сребрени медали. Вкупно се натпреварувавме во десет бреинобреин категории, кажа Ангела Кузманоска, инструктор во програмата.
Сите учесници на натпреварот од охридскиот Бреинобреин центар освоија награда и беа среќни и задоволни со постигнатиот успех.

Пролетните уписи за Бреинобреин програмата на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид се завршени и новозапишаните деца веќе започнаа со часови. Одзивот и интересот бил голем, посебно од возрасната категорија 5 и 5,5 години, вели Координаторот и инструктор во програмата Валентина Кузманоска.

-Формиравме две групи со оптимален број на деца, тринаесет, четиринаесет деца во група и сме презадоволни од интересот. Најголем презентер на нашата програма се задоволните родители, чиишто деца веќе ја посетуваат или ја завршиле програмата и нивните втори или трети деца веќе се дел од нашиот центар. Бреинобреин програмата е програма за развој на животни вештини како меморија, концентрација, визуелизација, имагинација, креативни способности. На многу високо ниво се подигнува самодовербата кај децата и со завршување на програмата стануваат лидери на сопствениот живот, со точно јасни цели кон каде ќе чекорат понатаму во животот, додава Кузманоска.

Во изминатите 15 години, колку што постои Бреинобреин центарот во Охрид, преку 600 деца на возраст од 4-14 години ја следеле и успешно ја завршиле оваа програма која им овозможува развој и целосно и ефикасно искористување на мозочниот потенцијал.