Груевски, на трибина во Струга
Премиерот на Владата, Николоа Груевски, вчера во посета на Струга и струшко.
Груевски
Премиерот на Владата, Николоа Груевски, вчера во посета на Струга и струшко.
На средбата со граѓаните покрај премиерот учество зедоа и министри од Владата, еминентни членови на ВМРО-ДПМНЕ како и претставници на партиското раководство. Се зборуваше за влијанието на светската економска криза врз македонската економија, борбата со криминалот и справувањето со проблемот со името.
Борбата со светската економска криза и последиците од неа, борбата со криминалот во државата и надминување на проблемот со името, беа темите на кои се осврна Премиерот Груевски на трибината во Струга.
„Во годината кога и најсилните светски економии паднаа на колена, Македонија успеа да ги успешно да ги минимизира последиците од неа“, изјави премиерот.
Груевски додаде дека начин да се избегне кризата не постои, но антикризните мерки на владата успеаа да ги ублажат последиците од неа.
Груевски потенцира дека кризата кај нас сеуште се чувствува, а заздравувањето оди бавно. Извештаите од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка се повеќе од позитивни, додаде тој. Причини за ваквите позитивни оценки според премиерот се, фактот што Македонија бележи пад економскиот раст од само 0,7%, фактот што годината е завршена со втор најнизок дефицит и тоа што оваа Влада одби да направи намалување на пензиите, платите во јавниот сектор, воведување на нови даноци, намалување на вработеноста. Груевски се задржа и на агресивниот однос на државата кон криминалот и борбата со корупцијата.
На крајот од трибината стана збор за позитивниот извештај во врска реформите како и постигнатите резултати во врска со преговорите. Груевски потенцира дека од Владата моментално се фокусирани на решавање на проблемот со името, но не по цена на нанесување штета на сопствена сметка. Трибините се одржаа на четири локации во земјава и тоа во во Лабуништа, Струга, Другово и во Македонски Брод, а се во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
{loadposition content9}