општина дебрца
Сиљаноски изврши увид во реконструкцијата на улицата кон „Св. Петка“ во Волино и најави обнова на Домот на култура
Сиљаноски изврши увид во реконструкцијата на улицата кон „Св. Петка“ во Волино и најави обнова на Домот на култура

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информираше за извршениот увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“ заедно со претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои е разговарано за динамиката и квалитетот на реализацијата.
– Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив и Домот на култура во Волино, кој ќе биде реконструиран во целост за потребите на жителите на селото, вели градоначалникот Сиљаноски.









