Предавање за малигните заболувања денес во Црвен крст Охрид
Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Превенцијата спасува животи“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во таа насока, Црвен крст Охрид организира предавање за малигните заболувања со акцент на рак на простата, кое ќе се реализира на 02.03.2026 (понеделник) со почеток во 11 ч., во просториите на Црвен крст Охрид. Предавач ќе биде Др. Јованчо Митрески вработен во Одделението за Урологија при Општа болница Охрид.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики