Од Царинската управа информираат дека имаат дополнителни уплати од 778,3 милиони денари или 7,7% зголемување на приходите во февруари, период во кој Царинската управа наплатила вкупно 10,8 милијарди денари.
Од таму информираат дека раст е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина со зголемување од 8,9 проценти, од акциза со зголемување од 8% и од ДДВ при увоз со зголемување од 3,9%.
-Ова значи повеќе средства за јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура, се додава во нивното соопштение.
