Mатностa на водата во Струга во дозволените граници, забраната сѐ уште на сила
Вчерашните анализи на водата во Струга за прв пат по речиси еден месец покажаа матност во дозволените граници. Но на сила се уште е забраната за користење на водата од градскиот водовод. За да се укине потребно е три денови по ред анализита да ги исполнуваат безбедносните стандарди. Од Центарот за Јавно здравје за ТВМ велат ќе продолжат со секојдневни анализи на водата. Ќе се испитуваат својствата бидејќи неретко во водата беа затекнати и бактерии од фекалии.
Во меѓувреме стружани се погласни. Адвокатот Григор Ќатоски јавно го отвори прашањето дали Владата треба да прогласи кризна состојба на територијата на Општина Струга.
Според него, ситуацијата ги исполнува законските параметри за активирање на овој механизам. Законот предвидува прогласување кризна состојба кога се загрозени здравјето и животот на луѓето, кога постои ризик за животната средина и кога редовните механизми не се доволни за надминување на проблемот.

-Овој настан е сплет на институционална небрежност која траела во подолг период и кулминира со загадување на водата долго време во општина Струга. Сметам дека во конкрентиот случај треба да победи правдата и всушност самото постоење на правната држава има задача да го прекине системот на неказнивост и да воспостави одговорност онаму каде што таа реално постои , вели Глигор Ќато.
Загадувањето на водата во извориштето Шум се поврзува со нелегалното ископување минерални суровини во близина на локалитетот. Две фирми добија забрана за работа, а предметот се уште е под лупа на ЈО.
-Јас за сите ќе барам одговорност, вие гледате дека ова што е направено не доликува на една општина. Ние ќе побараме и тој објект да се дислоцира, не само тој, многу други објекти, меѓу тоа, тие се големи проекти кои верувам заедно со владата ќе се реализират.00:07:10 Ќе преземеме реков, значи ќе преземеме мерки во тој дел. И за плаќање на фактури и за користење на чиста вода, истакна Менди Ќура градоначалник на општина Струга.
Струга речиси цел месец живее со ограничувања, неизвесност и зголемена загриженост кај граѓаните.
Новинар Соња Рилковска