ООУ „Живко Чинго“, во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“, а по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 08:30 часот, во Спортската сала „Тодор Александров“ во селото Велгошти.
Организаторите најавуваат ден исполнет со спортски дух, фер-плеј и заедништво и ги покануваат сите љубители на спортот да бидат дел од оваа свечена активност.