Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 5 до 14 степени Целзиусови.