Skip to main content

Општина Охрид се приклучи кон хуманитарната акција за помош на малата Ева

10-годишната Ева од Охрид, храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските), кој бара интензивен и долготраен третман.
 |  инфодеск  | 

Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева, објави градоначалникот Кирил Пецаков.

‎-За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел. Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка вредност
, напиша градоначалникот во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.

10-годишната Ева од Охрид, храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските), кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, поради што неопходно е итно лекување во странство во специјализирани центри. Во моментов Ева е примена во специјализирана клиника во Минхен, Германија.

Сите хумани граѓани можат да донираат според своите можности на платформата

ecrowd.mk

и преку трансакциската сметка:

Комерцијална Банка: 300017123936746