АХВ ќе ги интензивира контролите на месни производи од Србија, Косово и Црна Гора
Контролите се во насока на испитување зголемено присуство на адитиви во храната односно фосфати, сорбати и бензоати.
| инфодеск | Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство во наредниот период ќе изврши интензивирање на контроли на месни производи по потекло од одредени ЦЕФТА земји (Србија, Косово, Црна Гора) во насока на испитување зголемено присуство на адитиви во храната односно фосфати, сорбати и бензоати. Засилените контроли ќе се воспостават во период од 1 март до 1 април 2026 година, а со можност за скратување односно продолжување на рокот во зависност од добиените резултати. Известувањето е доставено до бизнис заедницата особено на производителите и увозниците на месни производи со цел навремено информирање и прилагодување на бизнисот.