Да донираме за Ева
Времето и дејствувањето се критични. Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за помош на Ева.
10 годишната Ева од Охрид храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични.
Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија.
Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за помош на Ева.
Сите хумани граѓани можат да донираат според своите можности на платформата
ecrowd.mk
и преку трансакциската сметка:
Комерцијална Банка: 300017123936746


