Укината забраната за пиење на водата во Долно Лакочереј, но не и во Горно Лакочереј
Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, до следно известување, посочуваат од ЈП Водовод Охрид.

ЈП Водовод Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати се укинува забраната за пиење на водата.
Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, до следно известување, посочуваат од претпријатието.







