Skip to main content

Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски

Во Големата сала на Општина Охрид на 7 март ќе се одржи литературна манифестација посветена на поетот, есеист и книжевен критичар Тоде Илиевски.
 |  инфодеск  | 

Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, охридски поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година (сабота) во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.

Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Охрид, а во рамки на манифестацијата ќе бидат прогласени победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.

Организаторите истакнуваат дека манифестацијата има за цел да му оддаде достојна почит на Тоде Илиевски, автор кој остави значајна трага во културниот и книжевниот живот, особено во книжевноста за деца.

Литературната манифестација се организира со поддршка од Општина Охрид, а организаторите упатуваат покана до јавноста да присуствува на настанот и заеднички да се оддаде почит на делото и придонесот на Тоде Илиевски.