Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денес во Охрид температурите ќе бидат од 1 до 13 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека утре и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините.