Skip to main content

Охрид трчаТ прогласен за најдобар спортски настан за 2025 година

Организаторите најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со уште поголем ентузијазам и нови идеи за развој на настанот.
 |  инфодеск  | 

Манифестацијата „Охрид трчаТ“ – Ohrid Running Weekend 2025 е добитник на наградата за Најдобар спортски настан за 2025 година, која се доделува во рамки на BEAM Festival.

Организаторите на настанот соопштија дека признанието претставува голема чест за целиот тим што стои зад организацијата на оваа спортска манифестација, која изминатите години прерасна во еден од најзначајните спортски настани во земјава.

Ова признание е за сите што веруваат во спортот, заедништвото и енергијата што секоја година ја носиме и градиме во Охрид“, велат организаторите.

Тие упатија благодарност до тркачите, партнерите, волонтерите и сите пријатели на настанот кои, како што посочуваат, се дел од заедничката приказна што се гради секоја година во Охрид.

„Охрид трчаТ“ секоја година привлекува голем број учесници од земјава и странство и претставува значаен спортско-туристички настан кој придонесува за промоција на Охрид како атрактивна дестинација за активен туризам.

Организаторите најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со уште поголем ентузијазам и нови идеи за развој на настанот.