Нема зборови со кои може да се опише колку е значајна и незаменлива вашата улога во семејството и во општеството, вели во честитката упатена до припадничките од понежниот пол, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
– Со вашата сила, мудрост, посветеност и љубов, секојдневно го правите светот поубав и посреќен. Вашиот труд и пожртвуваност се препознаваат во сите сфери на животот, а нашата заедница е посилна токму благодарение на вас, вели Пецаков посакувајќи им на сите охриѓанки, почитувани дами, мајки, сопруги, баби, сестри и ќерки, здравје и лични и професионални успеси.