Skip to main content

42 садници го збогатија Холандскиот парк

Активистите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ вчера, на 8 март, реализираа еколошка акција за садење дрвја во Холандскиот парк во Охрид.
 |  инфодеск  | 

Активистите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ вчера, на 8 март, реализираа еколошка акција за садење дрвја во Холандскиот парк во Охрид. Акцијата беше насловена “За тебе засадив дрво”, a целта беше одбележување на Меѓународниот ден на жената преку дружење и грижа за природата.

Во рамки на акцијата беа засадени вкупно 42 садници, односно нов дрворед и неколку украсни дрвца кои ќе придонесат за раззеленување и уредување на овој дел од градот.

Организаторите упатија благодарност до компанијата „Еко Флуид“, која ја поддржа овогодишната осмомартовска акција „За тебе засадив дрво“.

Во садењето се вклучија и тимот на Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид, како и волонтери од ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, заедно со голем број дами кои добија симболични еколошки подароци, а за најмалите се одржа креативна, еколошка работилница