Општина Охрид објави Јавен повик за финансиска поддршка на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026 година.
Предмет на Јавниот повик е доделување финансиска поддршка за реализација на микропроекти од јавен интерес, со цел поттикнување на локален економски развој, унапредување на туристичката понуда, зачувување и промоција на културното и природното наследство, како и подобрување на квалитетот на живот во општината.
Максимален износ по проект е 200.000,00 денари. Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 2.000.000 денари од кои 1.000.000 денари се наменети за проекти за локален економски развој и 1.000.000 денари за туризам.
Рокот за поднесување проекти е 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Повеќе детали за аплицирање ТУКА.