Skip to main content

Бесплатно психолошко советување преку Гешталт терапија во Црвен Крст Охрид

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид, почнувајќи од 13 март 2026 година (петок), ќе нуди бесплатно психолошко советување.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.

Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.

Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент.

Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.