ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид
Ахмед Сулејман од Охридската гимназија е државен првак по математика
Гимназијалецот Ахмед Сулејман од II-2 под менторство на професорката Александра Томоска го освои првото место на државниот натпревар по математика.

Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ информираат дека после повеќе од 10 години, нивната Гимназија доби државен првак по математика.
-На државниот натпревар по математика кој се одржа минатата сабота на Природно-математичкиот факултет во Скопје, нашиот ученик Ахмед Сулејман од II-2 го освои првото место освојувајќи ги сите 100 поени под менторство на професорката Александра Томоска. Со трета награда се закити ученикот Климент Укоески од I-6 под менторство на проф. Снежана Цветковиќ, се вели во нивното соопштение.
Во нивното соопштение упатуваат честитки до сите учениците и нивните менторите, а на Ахмед му посакуваат многу успех на претстојната Математичка олимпијада.







