Skip to main content

Проекција на драмскиот филм „Уште една игра“ во рамки на иницијативата Кино „Четврток”

Проекцијата ќе се одржи на 12.03.2026 во просториите на Филмски институт Фиофа во Охрид, со почеток во 20:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на иницијативата Кино „Четврток”, на 12 март 2026 година во Охрид ќе се одржи премиерната проекција на драмскиот филм Уште една игра.

Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишно момче од Чучер-Сандево кое сонува да стане професионален гејмер. Кога неговиот најдобар пријател Димитар добива можност да се пријави на селекција за една од најдобрите eSports екипи во Европа, Мартин ја гледа шансата да го направи својот прв чекор кон сонот. Приказната отвора прашања за пријателството, амбицијата и предизвиците со кои се соочуваат младите на патот кон успехот.

Филмот е во режија и сценарио на Nick Janssen, а во главните улоги настапуваат Петар Маниќ, Ведран Чешарек и Тони Михајловски.

Проекцијата ќе се одржи во просториите на Филмски институт Фиофа во Охрид, со почеток во 20:00 часот, додека вратите за публиката ќе бидат отворени од 19:30 часот.

Цената на билетот изнесува 200 денари и можат да се набават во Кафе Бар Шила.

Кино „Четврток” е иницијатива која има за цел да придонесе кон враќање на кино културата во Охрид и да понуди редовна филмска програма за публиката во градот.