Skip to main content

Граѓаните да внимаваат на лажни SMS пораки со известување за казна од Безбеден град

Од СВР Охрид, апелираат граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства.  
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.

-Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти. СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства, посочува Димоски.