Skip to main content

Уставен суд одлучи: „Сејф сити“ останува во функција

Иницијативите до Судот беа поднесени од повеќе подносители, меѓу кои и политичари и правни експерти, кои тврдеа дека одредени одредби од Законот за прекршоци се спорни.
 |  инфодеск  | 

Уставниот суд пресече дека системот „Сејф сити“ останува во функција, откако ги отфрли иницијативите со кои се оспоруваа одредени делови од законските измени што овозможуваат електронски надзор во сообраќајот. Со оваа одлука, проектот „Безбеден град“, кој користи камери и автоматски системи за евидентирање сообраќајни прекршоци, продолжува да се применува во градовите каде што веќе е воведен.

Иницијативите до Судот беа поднесени од повеќе подносители, меѓу кои и политичари и правни експерти, кои тврдеа дека одредени одредби од Законот за прекршоци се спорни. Тие посочуваа дека системот создава обврска граѓаните да имаат телефонски број и електронска адреса за комуникација со институциите, како и дека постои нееднаква примена бидејќи системот првично се спроведува само во неколку градови.

Судот оцени дека нема доволно основ за укинување на оспорените одредби и дека системот може да продолжи да функционира. Со тоа, камерите и автоматизираните механизми за контрола на сообраќајот ќе останат активни, а прекршоците и понатаму ќе се евидентираат електронски.