зоо скопје
Радосна вест од ЗОО Скопје: Се роди бебе Хамболт пингвин
Ново бебе пингвин во ЗОО Скопје
| инфодеск | Македонија
Од Зоолошката градина од Скопје информираат дека по 42 дена трпеливо чекање добија ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт пингвини.
-Таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен, велат од ЗОО Скопје.
Од таму додаваат и дека оваа поделба на грижа е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата.
Инаку, Хамболт пингвините се загрозен вид во дивината, па секое успешно изведено младенче има големо конзервациско значење, а со континуирани успеси во размножувањето, ЗОО Скопје се издвојува како најуспешна зоолошка градина во регионот во одгледувањето на овој редок вид кој потекнува од Аргентина и Чиле.


