Skip to main content

За година и пол долгот на Општа болница Охрид е намален за еден милион евра

Најголемиот дел од обврските се однесувале на набавки на медицински материјали и лекови, кои се меѓу најголемите трошоци во работењето на здравствените установи.
 |  инфодеск  | 

За година и пол долгот на Општата болница во Охрид е намален за еден милион евра. Најголемиот дел од обврските се однесувале на набавки на медицински материјали и лекови, кои се меѓу најголемите трошоци во работењето на здравствените установи.

– Точно пред година и пол долгот беше 170 милиони денари нормално не може точно да се каже затоа што секогаш има тековни фактури и трошоци кои пристигнуваат. Во овој момент долгот изнесува 110 милиони денари. Или отприлика е намален за 1 милион евра кон побарувачите. Долговите пред се кон фармацевтските компании кон тие основни јавни набавки без кои болницата не би можела да функционира, вели д-р Горан Маркоски директор на Охридската болница.

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека постепено се подобрува ликвидноста на болниците, а на ниво на држава вкупниот долг на јавните здравствени установи моментално е под пет милијарди денари. Сепак, институциите внимателно ја следат состојбата, бидејќи и понатаму се регистрираат одредени неправилности и недоследности во работењето на дел од здравствените установи.


„Имаме и санкционирани. Во Општата болница во Прилеп има кривични пријави, обвинителни акти и притвори за десеттина лица за злоупотреби на благајната и лажни набавки на услуги”, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клекоски.

Државата будно ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку има потреба ќе интервенира. Возилата на здравствените институции, болниците и Итната медицинска помош ќе имаат доволно гориво, без оглед дали ќе има нови ценовни шокови   или евентуална енергетска криза.


„Мислам дека треба да почекаме да видиме што ќе се случи со пазарот. Не е првпат да се случуваат скокови на цените. Владата има доволно инструменти да интервенира во цената на дизелот, ако тоа стане проблем за транспортот”, вели Клекоски.

Болниицте се дават  во долгови по разни основи, но има и од судски спорови по основ неисплатени надоместоци за работа, јубилејни награди и слично.  

Соња Рилковска