Skip to main content

Се роди сто и дваесеттото дете во Охрид од почетокот на годинава

Според д-р Мимоза Влаши раководител на Одделението за гинекологија и акушерство, бројот на новороденчиња бележи зголемување од 35% споредбено со истиот период од претходната година.
 |  инфодеск  | 

На одделението за Гинекологија и акушерство – Охрид се роди 120-тото бебе во 2026 година.

-Ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука – за Вас, порачаа од одделението.

Според д-р Мимоза Влаши раководител на Одделението за гинекологија и акушерство, бројот на новороденчиња бележи зголемување од 35% споредбено со истиот период од претходната година.

Д-р Влаши додава дека зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и хистероскопските интервенции, што од неодамна за прв пат беа воведени во регионот токму во Општа болница Охрид.

Следниот чекор е воведување на лапароскопски операции, како и унапредување на квалитетот на породувањето со епидурална и спинална анестезија, најавува Д-р Мимоза Влаши раководител на одделението за Гинекологија и акушерство.