Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Театарска магија за најмладите: „Волшебната шума“ во изведба на Театар Колозов вечерва во Охрид мол

Претставата ќе биде одиграна во стандардниот термин од 19 часот на добро познатата локација во Охрид мол.
 |  инфодеск  | 

Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Волшебната шума“ во изведба на Театар Колозов.

-Волшебната шума e еколошка, едукативна, интерактивна детска претстава со воспитна цел за градење на свеста, наменета за возраст во која се калеми општата култура за доброто утре. Во претставата низ низа комични перипетии и волшебни моменти учиме за емпатијата, грижата за природата и простувањето. Кралот на шумата Еко, успева да ја научи принцезата Гордица како културно да се однесува и заедно да ги спасат шумите и царството од вештерката Оф-Леле, велат организаторите.

Претставата трае 45 мин и е наменета за деца на возраст од 3 до 10 години.